Се огласи и водителот Стефан Лазаров, кој повика да се погледне подкастот во кој Латас во ниту еден момент не вели дека некоја девојка била силувана.
– Жално е што се крева лажна хајка и се оцрнува моето име, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за никакво силување. Никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент некој да биде уништен, и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш – напиша Лазаров на својот профил на Фејсбук.