Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири денеска оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Хосеин Карими.
Потпретседателот Зекири, пред амбасадорот ја потенцираше важноста на концептот на отвореност и инклузија што СДСМ го практикува во последните години. Во таа насока, посочи Зекири, СДСМ продолжува активно да работи на концептот и визијата Македонија да биде едно општество со еднакви граѓани.
На средбата беше разговарано и за односите помеѓу Македонија и Иран, при што заеднички беше констатирана потребата од создавање можности за проширување на соработката помеѓу двете земји, особено во економијата, културата и образованието.
Ова е инаку многу интересна средба која праќа интересна порака за тоа како СДСМ го гледа светот политички и цивилизациски. Иако Мухамед Зекири е голем верник и тоа Сунит, какви што се верниците Муслимани во Европа и во поголемиот дел од светот, Сунитите се околу 2 милијарди, а сепак Иран и дел од Сирија и Либан се Шиити околу 400 милони во светски рамки, и за жал нивната нетрпеливост е изразена во вида на воени конфликти кои траат и ден денес!
Религиските разлики се многу мали, едните веруваат строго во Алах и пророкот Мухамед, додека другите покрај овие двајца веруваат и во братот на Мухамед или неговиот син, значи се работи за мали разлики но сепак тоа е причина за голема нетрпеливост на едните спрема другите, па се водеа и сеуште се водат војни меѓу Ирак и Иран, и меѓу Сирија и ИСИЛ како и меѓу Хесболах и Ал Каеда…