ОВА Е МНОГУ ИНТЕРЕСНО: Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири го прими амбасадорот на Иран на средба на Бихачка, иако по вера е Сунит а Иран се Шиити, а во светски рамки Сунитите и Шиитите водат лута војна која трае со векови!

0
1979

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири денеска оствари средба со амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Хосеин Карими.

Потпретседателот Зекири, пред амбасадорот ја потенцираше важноста на концептот на отвореност и инклузија што СДСМ го практикува во последните години. Во таа насока, посочи Зекири, СДСМ продолжува активно да работи на концептот и визијата Македонија да биде едно општество со еднакви граѓани.

На средбата беше разговарано и за односите помеѓу Македонија и Иран, при што заеднички беше констатирана потребата од создавање можности за проширување на соработката помеѓу двете земји, особено во економијата, културата и образованието.ZekiriIran

Ова е инаку многу интересна средба која праќа интересна порака за тоа како СДСМ го гледа светот политички и цивилизациски. Иако Мухамед Зекири е голем верник и тоа Сунит, какви што се верниците Муслимани во Европа и во поголемиот дел од светот, Сунитите се околу 2 милијарди, а сепак Иран и дел од Сирија и Либан се Шиити околу 400 милони во светски рамки, и за жал нивната нетрпеливост е изразена во вида на воени конфликти кои траат и ден денес!

Религиските разлики се многу мали, едните веруваат строго во Алах и пророкот Мухамед, додека другите покрај овие двајца веруваат и во братот на Мухамед или неговиот син, значи се работи за мали разлики но сепак тоа е причина за голема нетрпеливост на едните спрема другите, па се водеа и сеуште се водат војни меѓу Ирак и Иран, и меѓу Сирија и ИСИЛ како и меѓу Хесболах и Ал Каеда…