НУЛАНД НАЈАВИ ДОГОВОР ЗА ИЗБОРИ ДЕНОВИВЕ, ПОЧУВСТВУВАЛА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА

0
1279

Помошникот државен секретар Викторија Нуланд пред малку изјави дека наредниве денови ќе се направи нацрт договор за нови избори, пренесе порталот СДК.

„За тоа треба голема политичка волја, но почувстував дека таква волја има“, рече Нуланд.

Амбасадорот Бејли ќе помага да се дојде до нов договор, изјави помошникот државен секретар на САД.

Таа покрај средби со четворицата лидери потписници на Пржинскиот договор утрово се сретна и со специјалната обвинителка Катица Јанева. „Улогата на СЈО е витална за создавање чист правен систем“, рече Нуланд на прес конференцијата што пред малку заврши во американската амбасада во Скопје.