МИЦКОСКИ БЕЗ ГРАМ ЧОВЕЧКА КУЛТУРА – ЈА КОМЕНТИРАШЕ ДЕБЕЛИНАТА НА БОЈАН МАРИЧИЌ : ЗА РАЗЛИКА ОД НЕГО ЈАС СПОРТУВАМ И ЖИВЕАМ ЗДРАВО

0
1018

Многу бизарни моменти имаше на интервјуто на Мицкоски за порталот А1он со новинарот Кристијан Ландов.

Ландов му даде прилика да го коментира случајот со нарачките на скапи бифтеци од страна на кабинетот на Маричиќ по кафани на државна сметка, на што Мицковски типично за него без осет замина сосема на друга тема наместо да го коментира трошењето народни пари, тој фати да го коментира физичкиот изглед и дебелината на Маричиќ!?!?!

  • За разлика од него јас живеам здраво и спортувам, дури и избегнувам да јадам месо.

Ова е невидена политичка и човечка некултура, Мицковски заборава дека пола во партијата му се дебели како пример координаторотот Никола Мицевски има над 200 кила, тука се и Наум Стоилковски, Александар Николовски, Дафина Стојановска, Трајко Славевски и редица други се гојазни луѓе во ВМРО ДПМНЕ но Мицковски е без осет што е лош знак за неговите човечки квалитети.

Ова покажува и дека тој лично стои како нарачател зад ад хоминем хајките против Маричиќ на социјалните мрежи каде ботовите на ВМРО ДПМНЕ го напаѓаа вице премиерот за европски прашања со погрдни зборови овие месеци критикувајќи ја неговата телесна тежина и изглед.