Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ, се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на било кој политичар во државата, порача денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.
Затоа од 2016 година се донесоа одлуки со кои државата стана земја членка на НАТО, со кои државата почна преговори со ЕУ. Благодарение на тие одлуки денес ние сме држава која претстава со ОБСЕ, ние сме држава која од корисник на мировни мисии, пред 30 години, денес е земја во која други држави преговараат за решавање на своите проблеми. Јас како што кажав пред неколку дена ќе го предводам и ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ.
Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на било кој политичар во државата, порача претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.