Заев: Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да учествуваат на изборите кои самите подолг период ги бараа

0
738

-Очекувам ВМРО-ДПМНЕ да учествува на овие избори, кои и самите подолг период ги бараа и за кои заеднички се договоривме да се одржат на 12 април, по што опозицијата влезе и во техничката влада со свои кадровски решенија. Поради кризата ги замрзнавме изборните активности и ги одложивме изборите. Согласно со законските одредби, штом заврши вонредната состојба, продолжуваат и изборните активности, вели лидерот на СДСМ и до неодамна премиер, Зоран Заев, во интервју за порталот МКД.мк.

Заев вели дека партиите веќе учествуваат на изборите.

-Кандидатските листи се поднесени, одобрени и утврдени до ДИК. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со сигурност ќе се најдат на гласачкото ливче бидејќи тој дел од изборниот процес веќе е завршен. Остануваат уште 20-тина дена за изборна кампања.Сите услови за организација на финалните чекори од изборите се исполнети. Покрај мислењето од Комисијата за заразни болести, дека може да се подготват соодветни протоколи за реализација на изборите, добивме позитивен одговор и од ОБСЕ/ОДИХР дека се подготвени да продолжат со набљудувачката мисија, појаснува Заев.

-Тоа е реалната состојба определена со законски одредби и тие треба да се почитуваат од сите, а најмногу од нас политичарите и политичките партии, дециден е лидерот на СДСМ.