ЕКСКЛУЗИВНО : ЗЛОСТОРНИЧКО ЗДРУЖУВАЊЕ ВО НОВАТА ФАБРИКА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ МАРИХУАНА ВО АЛДИНЦИ,ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НА ПОТЕГ!

0
8775

Долго најавуваната Гринфилд инвестиција на „фамилијата“ на Груевски, фамозната фабрика за одгледување на Марихуана во Алданци-Општина Кривогаштани,каде како инвеститор се јавува американската фирма „Мак Норт“,а главен лик во целокупната криминалистичка зделка е лицето од Царев Двор Ресен, Зоран Јаневски-Бербер кој што во многу нешта се коси со позитивните законски прописи , и Кривичниот Законик на РМ! Но да почнеме редоследно:

  • Локацијата на предметниот објект во кој се врши темелна реконструкција е во атарот на Општина Крушево,на самата граница катастарски со Општина Кривогаштани,а во непосредна близина на самото Кривогаштани.Она што зачудува е фактот  што непречено се врши обезбедување од страна на сообраќајната полиција ,која наводно го контролира сообраќајот на патниот правец ,а всушност се обезбедува целокупната нелегална узурпирана градба,како и целиот инвентар кој се монтира  за потребите на фармерското одгледување на Марихуана!?Тоа значи дека самата улога на градоначалникот на Кривогаштани  всушност е преголема во смисол на целосно обезбедување  на објектот и се она што се вградува во него,а за потсетување самиот градоначалник на Кривогаштани до неговото поставување беше началник на СУБК-Битола,а за време на владеењето на Груевски беше Алфа и Омега во контролирањето на граѓаните ,како и лице кое премолчуваше одгледување на Тутун од марката Вирџинија или како што милува во многу наврати да кажува „Некој мора да ги држи конците во раце“!!??

    Токму поради држење на конците во негови раце во канцаларијата на градоначалникот на Кривогаштани, Тони Заткоски се повеќе присутни беа сите испектори на УБК од Југозападниот дел на РМ,и од таа причина е повторно предложен за кандидат за гардоначалник од ВМРО ДПМНЕ ,а сепак позадина на сето тоа се матните зделки ,а секако како основна цел е логистиката за и околу изградбата на фамозната фабрика за Марихуана во Алданци,која е будно пратена од поранешниот директор на УБК Мијалков и екс директорот на БЈБ Тодоровски

  • Од таа причина присуството на раководителот на проектот лицето Зоран Јаневски-Бербер , буквално е секојдневно присутен во канцаларијата на градоначалникот на Кривогаштани,како и средби на различни локации во регионот ,додека градоначалникот на Крушево ја одигрува рољата на „Фина дама“,и намерно нема контрола на целиот проект,додека тој се вади дека фабриката за Марихуана ке го решела прашањето со вработување на младите крушевчани?!!
  • Целиот објект е бесправна градба ,според информациите до кој дојде порталот ОхридСкај од стручните служби на општина Крушево, до ден денешен не е издадена никаква дозвола за градба или реконструкција на објект од старото Земјоделско Стопанство, во чиј круг се гради нелегалната фабрика за одгледување на Марихуана??!!Од информациите што ги доби порталот нема издадено воопшто никакви урбанистички согласности,а ниту пак истите се побарани од страна на инвеститорот „Мак Норт“ за наведениот објект ,а сепак спротивно ан Законските одредби се врши класична пренамена на дејноста на објектите?!

    Дури и на лице место може да се увиди дека е подигната 2,5 метри жичана ограда, за која градба решение повторно нема?! Сите досегашни градежни работи според сознанијата на ОхридСкај ги извршуваат лица од Мала Преспа, Албанија на црно ,без лиценцирана фирма за градба согласно Законската регулатива, ниту воопшто постои фактурирање за извршените градежни работи согласно Законот за градба, како и според истиот Закон како се вршел дотур на градежни материјали , треба да испита УЈП!

  • ОхридСкај од Министерството за Здравство дознава дека со доаѓањето на новиот министер за здравство, Арбен Таравари и новата влада, сите барања на Фирмата „Мак Норт“ повлечени се сите одлуки ,поднесени документации и одобренија за производство на опојни дроги за медицински цели.
  • Инвеститорот „Мак Норт “ ниту можел да побара одобрение за градба, доградба и пренамена на просторот во село Алданци општина Кривогаштани, од една едноставна причина, а таа е што истиот изврши узурпација и против правно вселување на објекти кој се во сопственост на фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај која е сопственик на предметните објекти.Од  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај  за Охридскај информираат дека, лицето Зоран јаневски од Царев Двор Ресен извршил бесправен упад во имот на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај  во село Алданци ,каде „Евро Трејд“ имал ускладиштено своја стока во вредност од над 1 милион евра.За истоиот настан известено било МВР,како и ПС од ОН Крушево со повеќе писмени поднесоци,како и министерството за здравство.Од страна на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај , била  поднесена и Кривична пријава ,за што сопственикот на Евро Трејд Скопје добивал секојдневни закани од страна на Зоран Јаневски, градоначалникот на Кривогаштани и екс првите лица на МВР.Покрај узурпацијата на објектите и стоката која била ускладиштена и во сопственост на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај, Јаневски присвоил и две моторни возила ,едно џип марка „Тојота“, и уште едно возило Ауди Q7,кој се во сопственост на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај ,која барала по писмен пат од МВР да бидат ибезбедени истите повеќе години наназад, и нејасно е за сопстеникот на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај ,како тоа Јаневски вршел регистрација на возилата, но и патување со нив надвор од границите на РМ,ако се знае фактот дека од  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај на Јаневски не му било издадено никакво писмено одобрение за регистрација и управување на возила сопственост на  фирмата „Евро трејд“ Скопје во стечај??

Пред МВР , Јавното Обвинителство и министерството за здравство има голем предизвик доколку законите подеднакво се на важност за сите граѓани на РМ, согласно Кривичниот Законик на РМ, Јаневски и сопстевниците на фирмата „Мак Норт“, кој извршиле купишта од кривични дела – Злосторничко здружување, наместо фабрика за одгледување на Марихуана за медициснки цели, треба да завршат во ЗАТВОР.

Извор : ОхридСкај