Во текот на денешниот ден од југ и од југозапад над територијата на Македонија ќе поминува облачна воздушна маса која ќе донесе локално провејување на слаб снег и тоа особено во јужните предели.
Ќе биде претежно тивко.
Температурата ќе се движи во интервал од -1 до 6 степени.
И понатаму еден од најстудените градови ќе биде и главниот град Скопје каде температурата во текот на целиот ден е можно д асе задржи под нулата.
Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!