Актерот Игор Џамбазов ќе го замени колегата Владо Јовановски во ТВ серијата „Преспав“, соопшти продукцијата ОХО, од каде додаваат дека веќе почна првата клапа од снимањето на втората сезона од ТВ серијата на хумористичната серија.
Локалните случки и ликови се градени според реалните општествени случувања и целиот наратив е еден вид на метафора на она што се случува како во земјата така и во секое просечно македонско семејство. Комичните и луцидните дијалози се одраз на еден постојан судир на балканскиот менталитет и европската култура. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои ќе можат да се препознаат и самите гледачи.
Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт, нова разрешница и многу доживувања со хумор близок на секому од нас. Овој телевизиски проект се снима под режисерска палка на Игор Ивановски Изи, Вардан Тозија и Даријан Пејовски додека актерската екипа е доверена на актерите: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и од сега Игор Џамбазов.
Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов, додека музиката е изработена од Мите Димовски од студиото „Тралала“.
Извор : Плусинфо