ШОКАНТНО ТВРДЕЊЕ НА УРЕДНИКОТ НА УТРИНСКИ, ЉУПЧО ПОПОВСКИ: Да не беше преносот во живо на новинарите во прес салата, сега пратениците ќе беа мртви а на улиците во Скопје ќе имаше тенкови!

0
2375

Уредникот на Утрински, Љупчо Поповски во колумна на Дојче Веле изнесува навистина многу интересно тврдење околу настаните во собрание на 27-ми април:

Овдешните господари на животот, а понекогаш и на смртта, тие промени не сакаа или не можеа да ги видат, иако за нивната политичка умешност дури почнаа да се раскажуваат и бајки. Сега дојде времето ВМРО-ДПМНЕ да се соочи со себеси.

Групната фотографија на пратениците во канцеларијата на Трајко Вељаноски, додека тој беше уште таму, не е дел од тоа соочување, туку повеќе личеше на сожалување дека биле жртви на нечисти и мрачни сили. Таа слика повеќе од сѐ друго ја покажа осаменоста на партијата, како да беа дошле на парастос.

И на крај – ноќта на крвавите глави беше најголемата победа на македонските медиуми последниве години. Скршени, подјармени, аматеризирани и притиснати, тие со директниот пренос на хоророт од Собранието се кренаа од пепелта и со храброста на новинарите на свој начин спречија вистински линч и тие, само тие, беа вистинските чувари на демократијата и слободите.

Без овој директен пренос на хоророт и посредната апотеоза на слободата и демократијата, можеби денес на улиците ќе поминувавме покрај тенкови.