Нашата виолинистка Софија Златанова ќе ја представува Македонија на Интер националниот младински оркестар во Њујорк каде ќе земат учество 98 земји од целиот свет.
Настанот ќе се одржи на 27 септември во познатата “Карнинген хол“ на манифестацијата “Глобал митинг“ кога вво исто време ќе седнат на иста маса претседателите на 98 земји кои ќе зборуваат за мир во светот. Талентираната Софија од 220 кандидати е избрана токму таа да учесвува на овој голем настан од светски калибар,а потоа таа и учесниците ќе добијат сертификати за амбасадори за мир и музика. Софија моментно е на постипломски студии во Велика Британија.