Пратеникот на ДПМНЕ, бугарскиот државјанин Васил Пишев, свесно ја лажел и манипулирал струмичката и македонската јавност. Имено, тој на прес конференција го обвини градоначалникот на Струмица дека е вмешан во криминал со превоз на ученици кои бил двојно поскапо наплатуван по ученик.
Според тврдењата на Васил Пишев, Општина Струмица за релацијата Радовиш-Калуѓерица-Струмица, во должина од 34 километри, плаќала неверојатни 230 денари по ученик. Но дали е така? Долу на сликите е целата тендерската докментација која јасно и недвосмислено покажува дека цена во двата правци изнесува 71,оо денар(по ученик) до Радовиш и 57,оо денари(по ученик) до Калуѓерица. Оваа цена е постигната после одржана електронска акуција на која учествувале повеќе фирми за превоз. Која е математиката на Пишев, само тој си знае.
Зошто Васил Пишев ја лажел македонската јавност, само тој знае. За овие изнесени лаги, Пишев мора да одговара пред институциите!
Извор : КриминалитеНаВмроДпмне