Утрово во ОК на СДСM Струмица полицијата по налог на обвинителот за организиран криминал Јован Илиевски ги одземала партските компјутери и повикала лица од општинското раководство на распит. Веста за оваа акција на баџанакот на Мијалков,обвинителот Илиевски за Либертас ја потврдија од СДСМ.
Според извори од адвокати Илиевски водел истрага за наводни изборни измами и поткуп на локалните избори во Струмица.