СЛОВЕНИЈА ПРЕД ПРЕТСЕДАВАЊЕТО СО СОВЕТОТ НА ЕУ: НАШ ПРИОРИТЕТ Е ДА ТЕЧАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1241

“Словенија е добро подготвена за претседавањето со Советот на Европската унија што започнува на 1 јули, а најважните теми на дискусија ќе бидат Конференцијата за иднината на ЕУ и напредокот на земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, а особено почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија” – изјави словенечкиот министер за надворешни работи Анже Логар.

“Следните месеци ќе бидат многу тешки за сите нас. Затоа, денеска и утре нема да разговараме толку многу за самото претседателство, туку генерално како да ги материјализираме нашите позиции и нашите обврски од стратегијата за надворешна политика и нашата програма за претседавање” – изјави Логар на затворена словенечка конференција за дипломатите која се одржува на Брдо кај Крањ.