ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека претседателот на партијата и премиер на Владата на Република Македонија Никола Груевски, поради редовните обврски, ќе одговори на поканата на Анкетната комисија во Собранието на Република Македонија на 14 декември и ќе се обрати пред пратениците од Комисијата.
Премиерот денеска требаше да биде прв сведок на седницата на Анкетната комисија за скандалот за прислушувањето, а е предложен од ВМРО-ДПМНЕ.
Според распоредот, кој во понеделникот го најави претседателот на комисијата, Петре Шилегов, утре како сведоци треба да се појават Мартин Протоѓер и Зоран Ставрески, а в петок – Сашо Мијалков.
За следната недела се закажани сведочењата на Гордана Јанкулоска, в понеделник, и на Миле Јанакиески, во вторник.