Прилепчани си добијаа подарок за новата 2019-та, поставена станица за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух

0
1020

Во последниот ден од 2018 година, Прилеп доби мерна станица која ќе го покажува квалитетот на амбиенталниот воздух во градот.

Мерната станица е поставена во центарот на градот, на зградата на Општина Прилеп. Со тоа е исполнето изборното ветување на градоначалникот Илија Јованоски, дека граѓаните на Прилеп ќе имаат точни информации за загаденоста на воздухот.

Со подетални информации за мерната станица, јавноста ќе биде запозната веднаш после Новогодишните празници.