Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донел одлука да се одржи Програмски конгрес на СДСМ.
Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември.
СДСМ соопшти дека Програмскиот конгрес ќе биде отворен за заинтересираните експерти и претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата Програма за граѓаните и за Република Македонија.
СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на новата Програма на СДСМ.
„Конгресот на СДСМ ќе усвои Програма што ќе биде преточена во Изборна програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на граѓаните на Република Македонија. Со таа Програма СДСМ заедно со граѓаните ќе победи на 24 април 2016 година“, се наведува во соопштението.