ПЉАЧКАЛЕ КРВНИЧКИ, ДУШМАНСКИ : Поднесена тужба против Кунико Рисорсис за кражба од 50 милиони евра во ФЕНИ!

0
1147

Поднесена е тужба против Кунико Рисорсис Н. В. (Холандија), Кунико Маркетинг ФЗЕ (Обединети Арапски Емирати) и одговорните лица во ФЕНИ Индустри АД, Јусуф Миракхмедов и Маниш Агарвал.

Тужбата е поднесена пред велешкиот суд од страна на стечајниот управник на Фени Индустри А.Д. за нанесување штета на компанијата во износ од 51.000.000 американски долари и дека со тоа придонеле компанијата да оди во стечај.

Истовремено, стечајниот управник поднесе и кривична пријава при Основното Јавно Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против Јусуф Миракмедов, Маниш Агарвал и Бранко Колев, сите носители на функции во ФЕНИ Индустри АД, пред да отиде во стечај и против Кунико Маркетинг ФЗЕ, за сторени кривични дела злоупотреба на службена должност и овластување, злосторничко здружување и фалсификување исправа.

Во поднесената тужба се наведени наодите на стечајниот управник меѓу кои и извршените контроли и извештаите од страна на Управата за Јавни Приходи, според кои правните и физички лица, во 2016год. извршиле незаконски дејствија со кои ја оштетиле компанијата ФЕНИ Индустри АД за 51 милион американски долари.