Компанијата сопственик на авионот што се урна над Синајскиот полуостров, соопшти дека не е можно леталото да имало каков било технички проблем заради кој би се случила катастрофата, пренесува МИА.
-Причината за уривањето на авионот не е техничка неисправност или човечка грешка туку надворешно влијание, соопштија од компанијата Метроџет.
Западни медиуми јавуваат дека екипажот на авионот не пријавил до контролата за летање никакви проблем, но и дека се пронајдени двете црни кутии.