Рускиот авион не се урнал поради технички причини туку од „надворешно влијание“

0
1167

Компанијата сопственик на авионот што се урна над Синајскиот полуостров, соопшти дека не е можно леталото да имало каков било технички проблем заради кој би се случила катастрофата, пренесува МИА.

-Причината за уривањето на авионот не е техничка неисправност или човечка грешка туку надворешно влијание, соопштија од компанијата Метроџет.

Западни медиуми јавуваат дека екипажот на авионот не пријавил до контролата за летање никакви проблем, но и дека се пронајдени двете црни кутии.