Координаторката на Форумот на жени на СДСМ Цветанка Ласкова на денешниот марш најавизаложби бројот на жени во политиката до 2020 година да се зголеми на 50 проценти. Форумот беше организатор на денешниот марш по повод меѓународниот ден на жената 8 Март. Маршот се одржа под слоганот „Еднакви! Можеме!“ .
„Испраќаме силна порака, еднакви сме. Борбата за еднаквост продолжува. СДСМ немаше да бидат борци за демократија без жените“, рече Ласкова.
За тоа зошто маршот се одржува еден ден по интернационалниотДен на жената, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев рече дека жената го заслужува секој ден од годината.