Автобус на Дурмо Турс изгубил контрола и излетал од автопатот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци. Излезени се екипи од судска медицина, обвинителство, крим екипи од МВР и автопатот во моментов е затворен.
Возила за брза помош од Скопје дури и од приватни болници тргнале до Тетово за да ги земат побвредените, 25 се донесени во градската болница 8-ни септември, 5 се на клинички центар а 1 е во градска болница.
Меѓу поврдените има и бремена жена која ќе биде пуштена дома.
Со возачот веќе било разговарано, и тој е повреден но не е во животна опасност.
Двајца повредени се однесеин во болницата во Тетово а еден во болницата во Гостивар.
Арбен Таравари кажа на прес дека сите повредени и загинати се претежно од Гостивар, автобусот се обраќал на релација Скопје – Гостивар.