ЌЕРИМ СО ТОА ШИШЕТО ОД 750.000 ЕВРА И ПРВИОТ КУРТОН НА МПМ, ЈАНА СТАНИСАВЛЕВА ЌЕ СИ ЛЕЖАТ ВО ЗАТВОР, СЈО ИМ БРЦКА ВО ОКОТО ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА МПМ И ЕВЕНТУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

0
1695

СЈО комплетно ја презема надлежноста за случајот МПМ од скопското обвинителство. Од таму за тв 24  потврдија дека денеска добиле известување дека СЈО ја презема истрагата која потекнува од една од бомбите.

Се истражвуаат  и сомнежите за злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Ќерим и Јана Станисавлева, велат извори од обвинителството.

Телоп ОЈО Скопје- Денеска добивме допис од СЈО дека воспоставуваат надлежност.  Во текот на предистрагата која ја водевме овде упативме известување до СЈО дека се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ.

Се чешлаат финансиските  исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза.Од обвинителството брифираат дека сомнежите за економски криминал ги проверувале  преку одделението за компјутерски криминал во МВР. Се проверувала  сметката,  висината на приходите на управителката Јана Станисављева, дали одлуките за нејзината висина на плата од 25 000 евра месечно се законски, дали финансиите се поврзани со паѓањето во долгови на фирмата. Од СЈО ја потврдија истрагата, но не споделуваат детали. Челните луѓе од МПМ не одговорија на повиците.

Истражители на  минатата година СЈО влегоа во просториите на МПМ, чиј сопственик до пред истрагата беше Графички центар Скопје (ГЦС), кој беше во сопственост на Орка Холдинг на Орце Камчев.  Медиа принт Македонија сега е во стечајна постапка. Недвижниот имот се продава по пат на јавно наддавање. Првата електронска аукција е завршена и распродадени се возила, земјиште и фотоапарати. Наскоро се очекува и втората аукција. Стотина вработени кои тогаш останаа на улица очекуваат во октомври да им стигнат и платите и опремнини за повеќе месеци.