ЏЕК СМИТ ИМЕНУВАМ ЗА СПЕЦИЈАЛЕН ОБВИНИТЕЛ ВО ИСТРАГАТА ПРОТИВ ДОНАЛД ТРАМП

0
586

Американското Министерство за правда денеска го назначи Џек Смит за специјален обвинител во истрагата против поранешниот претседател Доналд Трамп, објави висок функционер.

Смит ќе ја води истрагата за начинот на кој Трамп постапувал со чувствителните владини документи и дали тој влијаел на транзицијата на власта по претседателските избори во 2020 година, додаде неименуваниот висок функционер на Министерството за правда, пренесуваат британските медиуми. Специјалниот обвинител, веднаш по назначувањето, изјави дека ќе биде независен во работата, како и дека ќе се залага истрагата да напредува брзо и ефикасно.