ЈУЖНОКОРЕЈСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ВЕТИ ЗАБРЗАНО СОЗДАВАЊЕ ВОЕНА ЕДИНИЦА ЗА БОРБА ПРОТИВ ДРОНОВИ

0
359

Јужнокорејскиот претседател, Јун Сук-јеол, денеска изјави дека ќе го забрза формирањето воена единица специјализирана за борба против дронови, критикувајќи ја неубедливата реакција на армијата при таков вид непријателски активности.

Пет севернокорејски беспилотни летала вчера ја преминаа воздушната граница со Јужна Кореја, принудувајќи го Сеул да активира борбени авиони и хеликоптери за нивно соборување.

Инцидентот покажа недостатоци во обуката и подготовеноста на јужнокорејската војска за спраување со такви напади, рече Јун, иако тоа не беше прв таков влез на севернокорејски беспилотни летала во јужнокорејскиот воздушен простор.