ЈАЈОСКА : ПОРАДИ НЕСПОСОБНОСТА И ПОРАДИ РАЦЕТЕ ВО МЕДОТ НА ВМРО-ДПМНЕ И МИЦКОСКИ СКОПЈЕ Е БЛОКИРАН ГРАД

0
444

Изјава за медиуми, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Данела Арсовска го создадоа хаосот во Скопје.

Поради нивната неспособност, поради нивните кавги за рацете во медот, граѓаните на Скопје се соочуваат со блокади, проблеми во движењето и извршувањето на секојдневните обврски.

ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски и Арсовска не можат да избегаат од одговорноста, тие треба да сработат за да престанат блокадите.

Претседателот на Советот, мнозинството советници, мнозинството советници во Советот се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и само оваа партија може да стави крај на овој хаос.

Ние, како советничка група побаравме посебна седница на која ќе се расправа за работењето на ЈСП Скопје, но ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славевски тоа не го дозволија.

Ете колку навистина се грижат за хаосот во Скопје.

Покрај колапсот на јавниот превоз, катастрофална е ситуацијата и во другите јавни градски претпријатија.

И тука одговорноста е исклучиво кај ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Мицкоски.

Една година градска власт на ВМРО-ДПМНЕ е една година стагнација на градот.

Наместо проекти и решенија, граѓаните гледаат блокади, кавги за тендери и нефункционалност на институциите.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приредува нова катастрофа на главниот град.