ЈАПОНЦИТЕ ИЗМИСЛИЈА ЈАКНА И ФАРМЕРКИ КОИ РАБОТАТ СО ВГРАДЕН ВЕНТИЛАТОР

0
559

Експертите предупредуваат да не се излегува надвор во најтоплиот дел од денот, да се носи лесна облека и да не се консумираат тешка храна и пијалаци. Тие што можат да работат од дома да работат со вклучена клима.

Но, што е со луѓето кои мора да бидат на улица затоа што таква им е работата. Полицајците или на пример, обезбедувањето се едни од нив. Како тие се соочуваат со топлините. Изгледа дека Јапонците најдоа решение за тоа – јакна на надувување.

Имено, на социјалните мрежи стана вирално видеото од Јапонија на кое се гледа како еден припадник на јавниот ред и мир кој носи јакна на надувување. Од тоа се гледа колку Јапонија е напред и придонесува за подобрување на човештвото.

Пред неколку дена истиот експеримент е спроведен на универзитет во Пакистан, кој исто така стана вирален и привлече големо внимание.

„Изгледа дека ова е многу потребно затоа што имаме обезбедување кое мора да ја врши својата должност по екстремни горештини, па тие мора да имаат јакни со вграден клима уред за да им олесниме” тврдат тие што ја осмислиле.

Вградениот клима уред во униформата е дизајниран за чуварите да не чувствуваат непријатност или да имаат чувство дека носат нешто тешко. Тоа е така затоа што јакната е многу лесна. Направена е од неверојатно тенок најлонски материјал и во неа има вентилатори кои ја надувуваат, кои може да се вклучат или да се исклучат во зависност од тоа каде се наоѓате.

Вентилаторите постојано циркулираат ладен воздух преку костимот. Како што може да се види од видеото, јакната има многу дебели ленти околу ракавите и половината кои овозможуваат воздухот да се задржи внатре во неа.

Ако ваквите проекти се реализираат на универзитети, може да најдат широка примена во светот затоа што придонесуваат за напредокот на човештвото.