ЈАНУШЕВ : НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОЧЕКУВААТ РЕФОРМИ ОД ТЕХНИЧКА ВЛАДА, НЕЈЗИНАТА ЦЕЛ Е ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ФЕР ИЗБОРЕН ПРОЦЕС, ЏАФЕРИ Е НЕПРИФАТЛИВ БИДЕЈЌИ ГО КРШЕШЕ ДЕЛОВНИКОТ И ГИ НАВРЕДУВАШЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

0
199

Нашиот став е кажан уште на самиот почеток кога се спомнуваше името на Џафери како можно решение за технички премиер, а тоа е дека со се она што во минатото овие неколку години како претседател на Собранието, Џафери не ја оправда довербата. И токму поради тоа кажавме дека техничката влада нема да ја гласаме, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24.

На обвинувањата од Јован Деспотовски дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ не гласале за техничката влада е преседан, Јанушев одговори дека тој преседан го воспоставиле токму СДС кога не гласале за првата техничка влада.

Ние имавме пред неколку години иста ситуација, кога исто така не гласаа за техничка влада и ако ова е преседан тогаш тој преседан го има поставено СДС и само да потсетам дека при гласање на тогашната техничка влада пратениците на СДС не беа присутни на седницата, истакна тој.

Јанушев посочи дeка од оваа техничка влада не може да се очекуваат реформи, бидејќи оваа е преодна влада од 3 месеци која ќе има за цел да го организира изборниот процес.

Ова е техничка влада која има за цел да организира фер избори. Од оваа влада ние не можеме да очекуваме реформи, ниту да ја води државата, туку ќе биде за организирање на изборниот процес, изјави Јанушев.

Јанушев нагласи дека не може да се согласи со изјавите дека Џафери немал скандали и афери, потсетувајќи дека речиси на сите собраниски седници го прекршил Деловникот за работа на Собранието, како и дека ги навредувал вработените собраниски службеници за кои слушна целата јавност.

Јас воопшто нема да го прифатам ставот дека наводно Џафери немал афери, па наводно е прифатлив за технички премиер. Веројатно не го следите собранискиот канал, треба да ги вратите снимките од седниците кои ги водел Џафери на кои речиси да нема собрансика седница каде што не го прекршил Деловникот за работа на Собранието. Или да ве потсетам на навредите кон вработените, или за циркузите кои ги дозволуваше за гласање со скафандери во корона, итн, рече Јанушев.