ЈАНКО БАЧЕВ ДОБИ ТРИ ГОДИНИ ЗАБРАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА, ТОЈ ВО ЗНАК НА РЕВОЛТ ЈА ЗАПАЛИ ЗАБРАНАТА!

0
874

➡️Предадени сме во Скопје им велам на сопартијците….

➡️Стигнавме на граница 20-члена поголема делегација на Единствена Македонија на патот кон Нивици каде требаше да организираме настан по повод петгодишнината на т.н. преспански договор и почна невообичаен и личен и на автобусот претрес како да сме најголеми криминалци. Им велам на сопартијците нека си ја тераат работата имаат право како погранични органи, само да поминеме.

➡️Но, при петчасовното држење на граница како одминуваше времето стануваше сомнително однесувањето на атињаните. А во повеќето информативни разговори кои почнаа да ги прават цивилни полициски службеници се виде дека знаат каде одиме, зошто одиме, како ќе одбележиме и слично. Тогаш почна да ми се разјаснува дека тешко да поминеме и им велам на моите сопартијци веројанто сме предадени во Скопје. И на крај така излезе со одбивање да не пуштат и уште ми изрекоа и тригодишна забрана за влез.

➡️Зошто велам предадени сме во Скопје! Неколку дена пред настанот имав повеќе телефонски разговори со сопартијци околу настанот иако знам дека телефонот е под контрола и велам нека слушаат не правиме ништо лошо со одењето во Нивици, што значи дека марионетската власт во Скопје ги известила атињаните да го спречат нашето одбележување во Нивици. А зошто на мариоентите во Скопје и пречи настан по повод предавничкиот преспаснки договор не треба посебно да се образложува.

➡️Како и да е, забраната беше од чисти политички причини а ние во Единствена Македонија остануваме на определбата дека преспанскиот договор мора да се поништи. И ќе се поништи!

#можеме #смееме #знаеме

Фејсбук статус на Јанко Бачев.