ЈАКИМОВСКИ : МОРАМ ДА КАЖАМ ДЕКА, ОДРЖУВАЊЕТО НА ЗЕЛЕНИЛОТО И ХИГИЕНАТА Е ВО ГОЛЕМА МЕРА ПОДОБРЕНО ВО ОДНОС НА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА

0
465

✅Морам да кажам дека, одржувањето на зеленилото и хигиената е во голема мера подобрено во однос на претходната година, благодарение на ангажманот
на вработените коишто ги одржуваат хигиената и зеленилото.
✅Бројот го намаливме од 130 работници на 90, меѓутоа ефикасноста е очигледно дека е многу поголема.
✅За таа цел, сакаме да ја зголемиме уште повеќе ефикасноста, и издвоивме од буџетот 5 500 000 денари, тоа е некаде околу 90 000 евра.
✅Набавуваме нови тримери, набавуваме нови смукалки и дувалки. Набавуваме нови тракторски косилки, набавуваме исто така пили за сечење дрва, телескопи за сечење на гранки, бидејќи многу граѓани го бараат тоа од нас.
✅Ќе набавиме три возила на електричен погон со коишто ќе се одржува хигиената по улиците. Со ова очекувам дека уште повеќе ќе се подобри хигиената на територија на Општина Карпош.
✅Нормално со воведување на повеќе техника сметаме дека и ефикасноста ќе биде уште поголема.

Фејсбук статус на градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски.