ЦЕЛА ЦРНА ГОРА ЈА СЛАВИ ПОБЕДАТА НАД МИЛО ЃУКАНОВИЌ, ОД НЕГОВИОТ ШТАБ МОЛК

0
452

Во Подгорица, Никшиќ, Бар граѓаните со огномет, песни и петарди ја слават победата на Јаков Милатовиќ над актуелниот шеф на државата Мило Ѓукановиќ.

И додека пред седиштето на ПЕС се слави и се скандира „Мило замина“ во седиштето на ДПС речиси нема никој и не се знае кога ќе се обрати Ѓукановиќ.

Иако беше апсолутно убеден во својата победа, Ѓукановиќ заминува од политичката сцена во Црна Гора по повеќе од три децении.Пред да се повлече од власт, Ѓукановиќ најави вонредни парламентарни избори за 11 јуни.Вториот изборен круг помина мирно, а дел од аналитичарите сметаат дека ова бил референдум „за или против Мило“.