(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Илија Јованоски на работна средба со претставници од италијанската компанија ,,Ариет” кои работат со енергија и биогас врз база на отпад

0
1265

Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски денес оствари работна средба со претставниците од италијанската компанија ,,Ариет” кои работат со енергија и биогас врз база на отпадот.

Оваа работна средба е со цел општина Прилеп и новата локална власт предводена од СДСМ и Илија Јованоски да го искористи отпадот како суровина за производство на енергенси.