Филипче:15 семејства сочинуваат 90 посто од новите случаи, ист процент се без симптоми

0
677

Петнаесеттина семејства сочинуваат околу 90 проценти од новите случаи на заболени од КОВИД-19, покажува кластерската анализа на новодијагностицирани пациенти.

Ова, според министерот за здравство Венко Филипче, укажува дека болеста се шири тесно во рамки на овие кластери, но има и нови спорадични случаи што е доказ дека вирусот постои и се шири.

– Несомнено е дека имаме еден втор бран којшто е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирање што го докажа и деталниот увид во деталните епидемиолошки прашалници. Но зголемениот број на заболени е очекуван поради начинот на тестирање што се применивме измиинатите денови, истакна Филипче на денешната прес-конференција.