Филипче, Шекеринска, Спасовски ќе раководат со истите ресори, Бујар Османи ќе биде шеф на дипломатијата?

0
637
Откако вчера беше заклучен конечниот договор за коалиција меѓу досегашниот коалициони партнери СДСМ И ДУИ, веќе почнаа да се плетат приказни за тоа како би изгледале новите кадровски решенија.

Уште од вчера се шират шпекулации која партија, кој ресор ќе го води. Според неофицијални и непотврдени информации од ДУИ, оваа партија освен МНР, ќе ги води и министерствата за финансии и економија и секторот евроинтеграции, додека на СДСМ ќе му припаднат Министерството за внатрешни работи, правда и одбрана. БЕСА можно е да го добие министерството за транспорт и земјоделство.

Според информации на „Фокус“ Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Венко Филипче, најверојатно, и во новата влада ќе раководат со истите ресори: внатрешни работи, одбрана и здравство.

Во неколку медиуми денеска излегоа информации дека Артан Груби наводно ќе биде прв вицепремиер, а откако тој вчера се пофали дека со постигнувањето на договорот го добиле министерството за надворешни работи, тука се споменува и името на Бујар Османи.

Социјалдемократите денеска најавија дека на Централниот одбор во Холидеј ИН ќе дебатираат за кадровските решенија.