ФИЛИПЧЕ : НЕМА ВЕЌЕ НЕЈАВУВАЊЕ НА ТЕЛЕФОН И ЗА БАНАЛНА РАБОТА

0
92

Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче денеска изјави дека нема веќе нејавување на телефон, затоа што ако така не се работи завршена е приказната.

„Нема веќе нејавување на телефон, и за банална работа. Јас сум бил министер и знам што значи на пораки да се одговара и на телефон да се одговара. Не може мене некој да ми каже тешко е, не е тешко. Јас знам како е. Ние така треба да работиме“, порача Филипче

.Од другите кандидати, Јован Деспотовски повика пак на јавна дебата, а Славјанка Петровска рече дека изборот на претседател не треба да изгледа како реалити шоу.