УАПСЕНА ИЗМАМНИЧКА ОД УЈП КОЈА ДОЛГИ ГОДИНИ БЕШЕ ВО БЕГСТВО

0
868

ТВ Телма објави дека вчера била уапсена Розмарин Стојковска од Битола, инаку позната како измамничка која доведувала граѓани во заблуда злоупотребувајќи податоци како вработена во УЈП.

Битолчанката им ветувала на измамените добивање на државна помош, државни субвенции, инвалидска пензија и помош за ширење на бизнисот
При претресот во Битола пронајдени се предмети кои ќе помогнат во истрагата. Во Кривичен има пет предмети за Стојковска.

По неа имаше распишано шест потерници за издржување на затворска казна од 8 ипол години. Во 2019 прв пат е пријавена откако лажно се претставувала, по што била отпуштена од УЈП поради овие постапки.

Но судот ја враќал на работа поради наводни технички пропусти и таа продолжила да го користи податоците од УЈП со цел да ги мами на натаму граѓаните.