ТРИЧКО Е ПРОТИВ ПОМИРУВАЊЕ СО ГРУЕВЦИ: Македонија беше мирно село во кое еден ден се спушти четата на Никола Груевски и им еба мајката и на селаните и на селото

0
1645
Помирување 2

Македонија не беше во граѓанска војна. Немаше две страни кои се убиваа меѓу себе. Македонија беше мирно село во кое еден ден се спушти четата на Никола Груевски и им еба мајката и на селаните и на селото. Опљачка, изеба, запали се што и дојде под рака и под нож. И под онаквото. Македонија нема коски за заедничка гробница. Има само наши коски. Тие немаат ниту една жртва. Без загуби се повлекоа од селото. Најадени, наебани, напиени и обогатени.

Таканареченото помирување би било ново предавање на запаленото село во рацете на злосторниците. Со се коските на жртвите. Ние немаме ништо лошо сторено за да го испорачаме на масата на помирувањето. Можеби тие самите ќе решат да се самоопљачкаат, да умрат, што директно, физички, што од маки и болести, десет илјади души, можеби ќе решат наместо да ја продаваат, да си ја запалат штабквартирата, како да е некој Ренџ Ровер Спорт или една од бројните кафеани што ги запалија. Но, и тогаш нема да има основи за помирување затоа што и тие овој пат како жртва ќе се јават како жртва на самите себе. Ние не би ги убивале, сепак. Не е тоа наш стил.

Македонија може да се помири во ставот дека вмровизмот закономерно ја води во катастрофа. Без оглед на субјективните ставови на вмороните, односно нивните ставови не можат да ја спречат таа закономерност, но можат да ја забрзаат.
Тоа е.

Техничките и политичките проблеми околу функционирањето на системот и остварувањето на приоритетите, се друга работа. Тие навистина можат да се одвиваат во собранието, во обвинителството, во судот, преку институциите заштитени сведоци, договори на поединци со обвинителството, признавање на вината за помала казна или за простување на казната, има во светската судска практика такви примери колку сакаш.

Бранко Тричковски