ТРИЧКО : АБОЛИЦИЈА ЗА КИКИФРИКИ

0
993

Стразбур реши како што реши, но јас не сум Стразбур, јас решив да го аболирам господинот Кикифрики, без право на жалба од негова страна или на пишманење од моја.

Кики, драг мој Фрики, мојата одлука има два големи збора: Живеј бе!
Од јажето со кое непријателите на слободната мисла и на пишаниот збор сакаа да те обесат, јас ќе направам оглав за мојата кобила Сузи.
Не, не, немој да ми се заблагодаруваш.

Не сакам да ме облее чувството дека сум направил нешто корисно.
Тоа знае да ме измачува.
Твоето зло е толку големо што може да се прости и надмине само како чист подвиг на духот.

Без додавки и одземања.
Без квалификации.
Само чиста, благородна, божествена, милост.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.