ТРЕТ ДЕН ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТАТА ВАЊА ЃОРЧЕВСКА

0
286
Се уште трае потрагата по 14 годишната Вања Ѓорчевска од Скопје.

Полицијата објави нејзина фотографија и опис, ги истражуваат сите можни мотиви и причини за нејзиното исчезнување.Во центарот на градот се залепени фотографии од девојчето со надеж дека некој од минувачите ќе се присети на некоја информација.

Последниот сигнал од нејзиниот телефон бил лоциран на булевар Партизански одреди, спроти Универзалната сала.Во понеделникот Вања во училиште заминала во 7.20 часот а веќе во 7.35 била недостапна.Според мајката девојчето пред заминување било расположено и не се пожалило на никаков проблем.

Нејзината мајка вели немала проблеми со булинг, семејните односи не биле нарушени и семејството нема непријатели. Таа изрази благодарност за работата на полицијата која на највисоко ниво со формирање на специјален тим максимално се ангажира за Вања да биде пронајдена.Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица.Јавноста е исклучително вознемирена од настанот со оглед на тоа што се работи за исчезнато дете во еден од најфреквентните делови на Скопје.