ТОШКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ОПЕРАТИВНИОТ ТИМ „КАФЕЗ“ И РЕГИОНАЛНИОТ ЦЕНТАР ЗА ГРАНИЧНИ РАБОТИ СЕВЕР

0
172

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во рамки на дешените работни активности министерот оствари работни средби со Оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север. Оперативниот тим “Кафез“ е формиран со цел поголема ефикасност на полицијата во делот на лишување на лица од слобода кои се барани по потерници и бележи значителни резултати и покрај катастрофалните услови во кои работат од аспект на возила, материјално-технички средства и просторни услови. Исто така, беше разговарана потребата од реструктуирање на организациските единици кои работат во делот на потрагите и формирање на една централизирана единица за потраги заради поефикасно постапување.

„Во рамки на Регионалниот центар за гранични работи Север функционираат полициските станици за граничен надзор и гранични проверки на северната граница кон Србија и Косово, аеродромот во Скопје и Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија. Од страна на раководството бев запознаен со нивната работа и проблемите со кои се соочени и во тој контекст беше посочено дека има недостаток на кадар и возила, особено во делот на прекуграничниот криминал и странци. Во иднина треба да се изврши анализа на постоењето и ефикасноста на определени организациски единици во делот на граничниот надзор и да се предвиди нов и поефикасен начин на работа кој ќе се темели на користење на највисоките технолошки достигнувања.“, издвои министерот Тошковски.