(ВИДЕО) ОД УТРЕ, ПЕТОК, 20 ЧАСОТ, СЕКОЈ РАБОТЕН ДЕН НОВА ЕМИСИЈА СО НАСЛОВ ВО ФОКУСОТ ВО ЖИВО НА YOUTUBE КАНАЛОТ МАКТЕЛ ИНТЕРНЕТ ТВ

0
800

Секој работен ден од 20 часот, 1 час во живо ќе може да ја следите емисијата ВО ФОКУСОТ која ќе ја води и уредува Саше Ивановски Политико.

Во емисијата гостите ќе се вклучуваат од дома со свој компјутер или телефон, ќе има повеќе гости, темите ќе бидат оние кои се актуелни во моментот во јавноста, но ќе отвораме и по една тема која мислиме дека заслужува повеќе внимание а на секоја тема ќе се дебатира околу 5 до 10 минути.

Во живо ќе може да коментирате на Youtube каналот и вашите коментари ќе се читаат во текот на емисијата и ќе се коментираат од гостите во емисијата.

Емисијата освен на Youtube, понатаму ќе се емитува паралелно и на фејсбук страната Портал Мактел и Народен Глас.