ТЕШКО НА МАКЕДОНИЈА СО ВАКВИ ЕВРОПЕЈЦИ : ИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА МЦМС, ВО ЧИЈ СТАТУТ ЈАСНО СТОИ ДЕКА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈАВА И ДОБРО СОСЕДСКИ ОДНОСИ НА БАЛКАНОТ, ВЕЛИ ДЕКА НАРОДОТ ЌЕ ГО КАЗНИ СДСМ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕУ И ПРИЈАТЕЛСКИТЕ ОДНОСИ СО БУГАРИЈА?!

0
1378

Францускиот предлог нанесе штета на целото општество и доведе до повторна поларизација, иако имаше добра можност да се деполаризира општеството, вели Александар Кржаловски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Тој за РСЕ вели дека предлогот придонесе и за големи превирања во самите партии. Досега за многу работи имаше јасна политичка поделеност, но не и со овој предлог, вели тој.

Кој ќе изгуби, а кој ќе добие?

„Овојпат имаше многу различни коментари на луѓе од исти партии, беа „за“ или „против“ предлогот. Она што мене ми се виде карактеристично е што најголем дел од оние кои беа најгласни во овој период се всушност поддржувачите на Преспанскиот договор, а сега 90 отсто од нив се против овој француски предлог за решение на спорот со Бугарија. Затоа велам ова беше добра прилика, но не се искористи и стигнавме до ова што стигнавме“, вели Кржаловски.

Тој посочува дека повеќето партии ќе имаат штета од ова за својот рејтинг. Но, како што вели, за жал во земјава изборот е сведен меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, и колку и лошо да прават партиите, на крај пак луѓето избираат една од нив.

„СДСМ на некој начин беше во нокаут со првиот предлог од Франција. Не верувам дека многу нешто поправи изменетиот предлог, бидејќи стана јасно дека не е нешто многу изменет, ниту пак е значително подобрен. Но, ете решија да се држат до тоа и да го протуркаат, но претпоставувам дека ќе остане доста голем белег на нивниот рејтинг за следните избори“, вели Кржаловски.

Постои можност на СДСМ да им се случи она што им се случи на Пасок и на Сириза во Грција или она што се случи во Шпанија, но останува да се види дали оваа ситуација има потенцијал да доведе до тоа и до јакнење на нова опција, вели Кржаловски. Тој додава дека ќе се наруши и рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.