ТАСЕВСКИ : ДО СИТЕ ПРИПАДНИЦИ НА МВР ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 7-МИ МАЈ, ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈА

0
579

По повод 7-ми Мај, Денот на полицијата, во свое и во име на кабинетот на Бирото за јавна безбедност при МВР, на сите полициски службеници, пензионирани, поранешни полициски службеници, кадети, но и на сите вработени во Министерство, ви го честитам празникот.

И притоа, искрено убеден дека како до сега, така и во иднина ќе продолжиме со воспоставениот континуитет на квалитетно и ефикасно реформирање на полицијата и на полициската служба. Ви посакувам успех како на професионален, така и на личен план.
Слава на сите кои го дадоа животот за мирот и безбедноста на државата!