ТАРАВАРИ : ВО 90-ТИТЕ ГОДИНИ ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ НЕМАШЕ НИТУ ЕДЕН ДОКТОР АЛБАНЕЦ

0
279

Кандидатот за претседател на албанската здружена опозиција „Влен“, Арбен Таравари во емисијата „Стадион“ зборувајќи за меѓуетничките односи и застапеноста на Албанците во институциите,даде слика низ примерот на Клиничкиот центар во Скопје. Во времето додека студирал, во 1990 – тите години, како што рече, немало доктори Албанци.

-Во тоа време освен по некој Албанец чистач или болничар немаше вработени доктори Албанци или медицински сестри. Љуљзим Адаи е првиот вработен доктор Албанец, рече Таравари.

Тој изјави дека во Македонија живеат една третина Албанци, 60 отсто македонско население и заедно чинат 90 отсто од дражавата, поради што е потребно да се изгради општество на добри односи.