ТАРАВАРИ : АКО ВМРО-ДПМНЕ ПРОДОЛЖИ СО ОВОЈ РЕЧНИК И СО ИДЕИТЕ ЗА РЕФЕРЕНДУМ, ТОА ЌЕ НЕ ОДДАЛЕЧИ ОД СОРАБОТКА

0
616

Антиевропскиот речник на ВМРО-ДПМНЕ ја оддалечува Алијанса за Албанците од можност за коалиција со оваа партија. Ова во емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат го порача в.д. лидерот на Алијанса и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.

„Никако не ја поддржуваме иницијативата на ВМРО за референдум, бидејќи тоа не оддалечува од евроинтеграцискиот пат на земјата. Не сакаме ни да слушнеме за тоа. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи со овој вокабулар, тоа ќе не оддалечи од соработката. Ние не сме против македонскиот идентитет. Ако го напуштите евроинтеграцискиот пат, го напуштате македонскиот идентитет. Нема кој повеќе да им помага на Македонците од НАТО и ЕУ “ изјави Таравари.

Од ВМРО-ДПМНЕ за Алсат велат дека никогаш не ја довеле во прашање интеграцијата на земјата во ЕУ, но и дека мора да се почитуваат црвените линии.

„Од страна на ВМРО ДПМНЕ никогаш не е доведен во прашање евроатлантскиот пат на Република Македонија. Нашиот став е јасен дека е важно Република Македонија да влезе во ЕУ, но остануваме и на ставот дека мора да се почитуваат црвените линии на државата и граѓаните“ одговориле од опозициската партија.