ТАЛЕСКИ : ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА АВТОПАТОТ ПРИЛЕП – БИТОЛА, СДСМ ИНВЕСТИРА ВО КВАЛИТЕТНА ПАТНА МРЕЖА

0
596

Прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
 
После 30 години чекање и одлагање, денеска започнаа првите градежни активности за изградба на автопатот Прилеп – Битола, дел од најголемиот инфраструктурен проект за Коридорите 8 и 10д.
Автопатот Прилеп – Битола, во должина од 39 километри не е само стратешки и капитален проект туку желба и потреба од огромно економско значење за граѓаните и компаниите.
Изградбата на оваа автопатска делница директно ќе влијае на локалната економија и отворање нови и добро платени работни места.
Подобрувањето на транспортот го олеснува движењето на граѓаните и трговската размена, ја зголемува безбедноста на сообраќајот, вредноста на земјиштето а крајно позитивно ќе влијае и на дополнителен развој на туризмот во овој регион.
Полесно патување значи повеќе шанси за бизнисот во регионот, со што ќе се зголемат и регионалните можности за нови вработувања.
Рокот за изградба на автопатот Прилеп-Битола е 57 месеци и очекуваме со новиот начин на брза, ефикасна и квалитетна градба да биде завршен според предвиденото.
Со изградбата на Коридорите 8 и 10Д се зајакнуваат транспортните врски со целиот регион, нашата држава се поврзува на исток и запад, станува вистинска крстосница на Балканот.
СДСМ гради 110 километри нова, модерна, квалитетна и безбедна патна мрежа, од исклучително економско и геополитичко значење.
Овој капитален проект вреден 1.3 милијарди евра, очекуван повеќе од 30 години, отвора околу 8.000 нови работни места и значи голем поттик за развој на економијата.
Инвестициите во патната инфраструктура се влог во иднината, унапредување и олеснување на животот на граѓаните, поефикасна работа на компаниите.