СТОЛТЕНБЕРГ БАРА ШВЕДСКА И ФИНСКА ДА ГИ ЗАОСТРАТ ЗАКОНИТЕ ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ ДОКОЛКУ САКААТ ВО НАТО

0
556
Шведска и Финска треба да ги заострат своите антитерористички закони и да ја зголемат соработката со НАТО, вклучително и со Турција, за борба против тероризмот и терористичките организации како што е Курдската работничка партија (ПКК), изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тоа е важно за Турција, бидејќи Турција е земја членка на НАТО која е најмногу изложена на терористички напади и е загрижена поради тоа. Тоа мора да биде пропорционално, но Турција има право да се брани од терористички напади, рече Столтенберг во интервју за шведскиот јавен сервис SVT.

Како што кажа, нормално е дека за ратификацијата на барањето за пристапување на Шведска и Финска во Алијансата е потребно време. Столтенберг додаде дека 28 од 30-те земји членки веќе ги ратификувале барањата за влез на двете нордиски земји во НАТО.