СТЕФКОВСКИ : ОТКРИЕНА Е СПОМЕН БИСТАТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО НАСЕЛЕНОТО МЕСТО КОЕ ГО НОСИ НЕГОВОТО ИМЕ И СО ТОА ГО ИСПОЛНИВ ДЕЦЕНИСКОТО БАРАЊЕ НА ЖИТЕЛИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

0
260

Денес е ден за историја! Затоа што Гоце е Македонија‼️
‼️Денес е денот со кој ја исправаме неправдата кон Гоце Делчев која трае веќе неколку децении.

🙌Откриена е спомен бистата на Гоце Делчев во населеното место кое го носи неговото име и со тоа го исполнив децениското барање на жителите на Гоце Делчев!
🇲🇰Многупати низ историјата се обидувале да ни наметнуваат туѓ идентитет, но никогаш не успеале, бидејќи нашето постоење не зависи од нив, туку од нас самите.

👉Па откако не им успеа планот за наметнување на туѓ идентитет, започнаа да не убедуваат самите себе да се укинеме!

📍Но ние знаеме дека без македонски народ, македонската република станува ничија земја!

📍Без македонски народ нема македонска држава!

‼️На овој ден со многу верба и со чисто срце и мисла Ве повикувам да бидеме одговорни кон нашата татковина Република Македонија!

‼️Да бидеме одговорни пред нашите преттци за да имаме што да им оставиме на нашите потомци.

👉Нека е вечен ликот и делото на македонскиот револуционер и визионер Гоце Делчев, за кого светот беше поле за културен натпревар помеѓу народите!

👇Нека споменикот кој денес го откриваме биде паметник и потсетник за времето во кое делувал Гоце Делчев!

❤️Нека се знае по години и векови дека Македонија е сурова реалност која никој ниту успеал, ниту ќе успее да ја победи!

Фејсбук статус на Бобан Стефковски, градоначалникот на Општина Гази Баба.