СТЕВО ПРВ ЈА УДРИ МЕТЛАТА : ВИЛАТА НА ВОДНО ПО ДЕСЕТ ГОДИНИ СЕ ИСТРЕБИ ОД ВМРОВСКИТЕ ТВИТЕР БОТОВИ И ЛЕБАРКИ СИНИША И ИВАНА КОИ ПО СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ ШИРЕА ОМРАЗА И БАРАА ВОЈНА И КРВ

0
5038

Десет дена по инаугурацијата, Претседателот Пендаровски го повлече првиот потег – го разреши досегашниот директор на Агенцијата за разузнавање Зоран Иванов, а а не негово месо го именуваше Еролд Муслиу… Станува збор за професионелец, кој по завршувањето на факултетот за безбедност, во 1994 година се вработил во УБК, а неколку години подоцна преминал во Агенцијата за разузнавање… Таму ги поминал сите скалила, а последниве години бил помошник-директор…

Пендаровски полека го комплетира и претседателскиот кабинетот.. Со него, како што е познато ќе раководи Миле Бошњаковски, советник за национална безбедност ќе биде Блерим Кољари, кој долги години работел во мисијата на НАТО во Скопје, советници ќе бидат професорот од Правниот факултет, Александар Спасов, амбасадорот Гоце Карајанов, досегашниот програмски диркетор на институтот Прогрес Тоше Зафиров, и Љуљета Адеми.. Советник за медиуми ќе му биде Катерина Цаневска, а со одделот за односи со јавноста ќе раководи Билјана Радева, која доаѓа од Британската амбасада.  Протоколот пак ќе го води Билјана Мицевска Јосифовска.

Освен кабинетските советници, Пендаровски ќе има и неколкумина надворешни советници..  Денко Малески, Александар Димитров и Александар Тавчиоски за надворешна политика, а Мирјана Лазарова Трајковска и Беса Арифи за правни работи. Како надворешен соработник бил поканет и претседателскиот кандиат Блерим Река, но одбил формален ангажман.

Од кабинетот велат дека во времето додека Пендаровски бил таму како советник имало 37 вработени, а Иванов нивниот број го зголемил на 61. Отпуштања нема да има, велат од кабинетот, но повикана е финансиска ревизија како и вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот управен инспекторат за да се види како е водена архивата.

Пендаровски би поддржал иницијатива за намалување на привлиегиите по завршувањето на мандатот.. Сепак и да остане сегашнито закон, најавува дека нема да бара претседателска пензија, а по мандатот ќе се врати на работното место професор. Нема да бара ниту пари за отворање на канцеларија, туку просторија во Министерството за надворешни работи, за состаноци и средби како поранешен претседател.

Извор : Канал 5